Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •           Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •           Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •           Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •           Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •           Добредојдовте! Е-продавницата е отворена!           •          

Услови за користење

Услови за користење

Воведни одредби

Брендот ДОНКА и онлајн продавницата kujnskidaski.mk се сопственост на ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ. Со овие Општи правила и услови за користење се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата www.kujnskidaski.mk и нејзините услуги и функционалности. Трговијата преку www.kujnskidaski.mk претставува посебен начин на вршење на трговија преку интернет, овозможувајќи целосна онлајн нарачка, купување и плаќање и достава нa производи до крајниот купувач.

Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови:

  • Посетител на www.kujnskidaski.mk е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација и социјални медиуми пристапува на веб страната и ја разгледува понудата на производи на ДОНКА;
  • Купувач/корисник е физичко или правно лице кое од една локација/адреса за достава преку веб страната www.kujnskidaski.mk нарачува и купува производи од понудата на ДОНКА;

За Посетителот/Купувачот кој ја користи платформата и стапува во деловен однос со TД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци, како и овие Општи правила и услови. Со самиот пристап на www.kujnskidaski.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате Општите правила и услови. TД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ ги задржува правата за промена на овие Општи правила и услови во секое време преку објава на веб страната.

Услови и правила за купување брендот ДОНКА www.kujnskidaski.mk е интернет продавница која ви овозможува избор на производи од дрво достапни за достава. Процесот за купување и достава е следен:

  • Направи избор на производи: Направете избор на саканите производи со додавање во кошничката. Купувачот може да ја откаже, дополни или измени нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Производот/те се резервирани за достава по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
  • Плаќање и податоци: При преминување КОН ПЛАЌАЊЕ ги внесувате вашите податоци. Регистрирањето не е задолжително, но задолжителни се податоците за контакт и адресата за достава. Со оглед дека плаќањето е целосно електронски и безготовински, ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ до купувачите не доставува фискална сметка согласно законските прописи.
  • Примена нарачка: По извршената наплата, нарачката е примена и се подготвува за доставување. Ќе Ви биде испратен e-mail за потврда кој содржи број на нарачката, вид, количина, цена, начин на плаќање и податоци за достава.
  • Недостапност на производи: Во случај на недостапност на одредени производи, купувачот ќе биде контактиран и ќе му биде понуден заменски производ или опција за рефундација на средствата на трансакциската сметка.
  • Право на одбивање: ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ го задржува дискреционото право на одбивање или поништување на направена нарачка во било кој случај, при што купувачот има право на поврат на платените парични средства.

Производи и варијации ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ гарантира дека секој производ објавен на ДОНКА www.kujnskidaski.mk има соодветна декларација согласно законските прописи. Фотографиите од производите прикажани на веб страницата се од информативен карактер и може да се разликуваат од реалниот изглед на производите. Поради природниот карактер на материјалот (дрво), можни се мали варијации во бојата и текстурата кои не се сметаат за дефект.

Корисничка сметка Правото на користење на ДОНКА www.kujnskidaski.mk е лично на купувачот и не е преносливо на кое било друго лице. Купувачот има право да ја користи платформата само како краен корисник, за лична употреба. Овозможување на комерцијална употреба од страна на трети лица или препродажба на производите без писмена дозвола од ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ е забрането. Регистрираниот корисник има право во секое време да бара бришење на корисничката сметка.

Цени и плаќање Цените на сите производи се изразени во денари со вклучен ДДВ. ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените без известување, но корекција нема да биде извршена ако нарачката е веќе прифатена. Плаќањето може да се изврши со платежна картичка (VISA, MasterCard, Maestro) или со уплата на банкарска сметка. Секоја нарачка е проследена со електронски авторизирана фактура.

Безбедност ДОНКА www.kujnskidaski.mk користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација е енкриптирана. ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ нема никаков увид во податоците од вашата платежна картичка, бидејќи тие се внесуваат директно на веб страната на процесинг центарот на банката. ТД ЈУНАЈТЕД ЕКСПОРТ ДООЕЛ под никакви околности не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција или неовластено користење на личните податоци за време на реализација на плаќањето.